Љубов

Свадбите се одлични места за да ќарите нешто

Напишано од Пјер

Свадбите се одлични места за да ќарите нешто. Таман, припрема пред втората летна тура на свадби. Но за да дојде до тоа, мора да се следат следниве неколку правила –

1. Пазете како сте облечени – мора да светите, а особено внимание да се посвети на оделото

2. Изледајте и мирисајте пријатно, привлечно и свежо

3. Нормално, не носете партнерка

4. Пазете на втори и трети братучетки 🙂

5. Искористете го отворениот бар и бесплатните пијачки

6. Пазете да не се начукате

7. Доколку е Амерички тип на свадба, направете кратко но јако живели во име на младоженците

8. Деверушите се секогаш прва цел

9. Играјте, плешајте, денсајте

10. Напуштете ја “екипата” – доколку сте дел од машка група што се двои од другите заборавете дека нешто може да се случи

11. Секогаш имајте спремно место за акција – дали хотелска соба, дома (доколку живеете сами) или во најлош сличај средете си ја колата

Научете ги на памет правилава, ќе ви требаат.

За авторот

Пјер