Uncategorized Љубов

Тајните на џентлмените кои им се неодоливи на жените

Напишано од Нино

Во секое друштво има по еден фраер кој не може глава да крене од жени, а на останатите не им е јасно како му успева. Сите знаеме дека на жените им е важно да се чувствуваат посакувани, но како џентлмените го прават тоа без да ги навредат и да добијат корпа?

1. Не се срамат да пристапат

Мачо момците гордо им пристапуваат на жените кои им се допаѓаат и никогаш не се извинуваат за нивниот интерес за секс. Откако ќе пристапат, го тераат филмот до крај без разлика дали жената веднаш ќе ја прифати играта или не.

Најлоша варијанта е да направите потег и за неколку секунди да се извините или да го свртите муабетот на шала. Дури и кога не реагираат на прва, кај жените се буди сексуална тензија која со ваквиот потег ќе ја пресечете. Ова секако не важи во ситуации кога ќе почувствувате дека сте ја навредиле соговорничката. Во тој случај секако треба да се извините и да направите потег со кој ќе и покажете почит.

tajni-pristap

2. Ги почитуваат границите

Иако жените денес се доволно опуштени за да пријдат први, секогаш е подобро џентлменот да го направи првиот чекор. Штом ќе почувствуваат дека имаат пас од жената, џентлмените само ја водат приказната кон позитивна ескалација, со директен муабет за тоа што го сакаат и со чести допири.

Кога ќе забележат дека жената се двоуми, се повлекуваат на кратко за да и остават простор повторно да се почувстува сигурно во нивно друштво. Потоа продолжуваат да ја градат конекцијата.

Понекогаш жените зборуваат и се однесуваат како да не сакаат ништо, а всушност сакаат повеќе. Во тие ситуации џентлменот продолжува да предизвикува се додека не забележи јасни знаци во гестикулацијата и тонот на жената дека навистина нема намера да спие со него. Во тој случај се повлекуваат со насмевка.

tajni-granici

3. Демонстрираат самоконтрола

Способноста да го контролирате вашето однесување е еднакво привлечно како и демонстрирањето сексуална самодоверба. Ако непрекинато се трудите да ја однесете во кревет, тоа ќе направи да изгледате очајно и ќе ја олади жената.

Иако разговорот за секс ги возбудува жените, тие не сакаат да почувствуваат дека тоа е единственото нешто што го сакате од нив. Возете го разговорот така што ќе покажете интерес за секс со неа, во исто време споделувајќи нешто за себе и слушајќи што има таа да каже за себе. Ваквата комбинација до сега се покажала како неодолива.

tajni-samokontrola

4. Често употребуваат допири

Честите допири (оние кои не ја навредуваат жената) се одличен начин да ја опуштите и да направите да се чувствува блиска со вас. Џентлмените зборуваат со рацете, особено во барови и клубови каде што музиката е гласна.

Застанете блиску до неа, но не преблиску до нејзиното лице за да не се почувствува нападната. Од време на време оддалечувајте се за да видите како реагира. Ако имате состанок на потивко место, седнете до неа за да можете природно да ја допирате за време на разговорот без да ја исплашите.

tajni-dopiri

5. Покажуваат дека сакаат секс, а не дека им е потребен

Без разлика колку време поминало од нивната последна сексуална интеракција со жена, џентлмените тоа не го покажуваат. Штом жената ќе осети дека очајно ви е потребен секс и дека би направиле се за да спиете со неа, ќе ви избега.

Не се однесувајте како секој ваш потег и збор да има сексуална позадина. Направете таа да почувствува интерес за нејзината личност, дури и кога се работи за секс за една вечер. Жената сака да знае дека сте ја избрале заради нешто повеќе од нејзиното тело. Потрудете се да воспоставите вистинска конекција со неа додека храбро флертувате.

tajni-saka-seks

6. Се фокусираат на тоа да ја задоволат жената

Мажите кои се фокусираат на задоволството на жената наместо само на сопственото задоволство знаат дека тоа ќе им се врати десеткратно. Со јасно покажување на интерес и вложување во нејзиното задоволство таа за кратко ќе посака да возврати и да се посвети на задоволување на вашите желби.

Мажите кои имаат успех со жените знаат како да направат тие да се чувствуваат одлично. Се посветуваат на тоа таа да си помине најдобро, овозможувајќи и задоволство за кое само сонувала. Откако ќе флертувате некое време, кажете и колку ја посакувате и колку сакате да и овозможите неаборавна ноќ.

tajni-nejzino-zadovolstvo

7. Ослободени се од предрасуди

Ако сте се прашувале како жените им веруваат на некои мажи иако тие се многу директни во комуницирањето на нивната сексуалност, ова е одговорот – тие во исто време покажуваат разбирање и почит за сексуалноста на жената. Немаат двојни стандарди од типот „браво за маж кој е сексуално активен, срамота за жената која е исто толку активна“.

Зборувајте отворено за сексот со жените, поддржете ја нивната сексуалност, бидете мажот кој ќе и помогне да ги истражи нејзините најдлабоки желби и фантазии. Покажете и дека имате здрав и позитивен став за сексот и таа ќе биде нестрплива да го сподели со вас.

tajni-bez-predrasudi

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)