Троши

Tissot Ballade Powermatic 80 – совршен механизам преточен во елеганција

Напишано од martin

Од 1853 до денешен ден, Tissot конкурентно ги изненадува и воодушевува купувачите со иновативните производи. Неуморен пионерски дух ја предводи компанијата уште од нејзините почетоци во малиот швајцарски град Le Locle. Од првиот џебен часовник со две временски зони во 1853 до револуционерната технологија T-Touch часовникот, Tissot има претставено серија на иновации, почнувајќи од технологија, материјал и дизајн, се до часовници направени од камен, дрво и бисер. Уште од првиот ден, Tissot се посвети на распоредување на иновациите на дестинации далеку од швајцарските граници. Денес Tissot е распостранет во повеќе од 150 земји.

Денеска, нашиот тим се реши да направи една кратка презентација на еден од моделите од брендот Tissot. Станува збор за Tissot Ballade Powermatic 80. Ballade моделот е варијација на Powermatic 80, кој нуди сертифициран хронометарски механизам. Станува збор за екстремно погоден часовник за носење кој може да се најде по нормална цена и се со убави движења на работното тело.

Стандардниот Powermatic 80 автоматски механизам се карактеризира со 80-часовна резерва за моќност и е опремен со силикон за да стане поотпорен на магнетизам. Таквиот силикон најмногу се користи на луксузни часовници, и самото тоа на часовникот му дава поголема ексклузивност.

Овој часовник кој што денеска можете да го видите се карактеризира со кожно ремче и 39 мм куќиште од нерѓосувачки челик. Важи за одличен избор за елегантните комбинации, а тоа може да го видите и по фотографиите. Дококу овој часовник е вашиот нов избор, тогаш веднаш посетете ги салоните на “Божиновски часовници и накит” бидејќи тие се ексклузивни претставници на брендот Tissot во Македонија.

За авторот

martin