Фитнес

Топ 5 суплементи за жени кои се физички активни

Напишано од Пјер

Спортските суплементи се составен дел од исхраната на професионалните спортистки, но не и кај жените кои рекреативно се занимаваат со спорт. Најчестата причина за ова е стравот од развивање на „машко“ тело и недоволното познавање на вистинските придобивки од нивно користење. Иако се одлични за постигнување на фитнес целите и за одржување на добро здравје и кај мажите и кај жените, следната листа го носи името суплементи за жени бидејќи се образложени нивните ефекти врз женското тело.

Рибино масло

Рибините масла се богати со есенцијални Омега-3 масти кои го одржуваат здравјето на срцето и на мозокот. Овие масла исто така ги намалуваат воспаленијата, ги штитат зглобовите и ја подобруваат нивната флексибилност. Омега-3 се особено корисни суплементи за жени бидејќи можат да ги намалат менструалните болки и да го стабилизираат расположението за време на ПМС со тоа што го регулираат хормоналниот баланс. Овие масни киселини исто така штитат од појава на остеопороза на која жените се многу повеќе подложни заради помалата густина на коските.

Whey протеин

Најверојатно не сте изненадени, ако веќе знаете дека whey протеинот е составен дел од режимот на исхрана на секој чија цел е да се ослободи од вишокот телесни масти и да ја зголеми чистата мускулна маса. Whey протеинот е особено корисен за жените бидејќи женското тело е повеќе наклонето кон задржување на масни наслаги, а ова е лесен начин да се задоволат дневните потреби за протеин за да се активираат процесите на топење масти. Затоа е одличен избор за ужина и за оброк пред и после тренинг со кој ќе ги задоволите нутритивните потреби а нема да претерате со калории.

суплементи за жени - whey протеин

БЦАА

Аминокиселините со разгранет ланец – БЦАА ја зголемуваат синтезата на протеини. Тие брзо се апсорбираат во крвотокот и помагаат во процесот на хранење на мускулите по вежбањето. Така помагаат при намалување на мускулната болка и го забрзуваат опоравувањето. Во период на калориски дефицит, кога сте насочени кон намалување на телесната тежина, може да се случи губење на мускулната маса бидејќи телото ги користи аминокиселините како извор на енергија. Затоа е важно да ги надополнувате резервите за телото да може да искористи поголем дел од нив за одржување на мускулната маса во процесот на слабеење.

Л-карнитин

Л-карнитинот е еден од најдобрите суплементи за жени бидејќи го поттикнува телото да ги користи мастите како извор на енергија наместо да ги складира. Поточно, ги транспортира масните киселини до митохондриите каде тие оксидираат и се користат за акумулација на енергија. Користењето на Л-карнитинкако додаток во исхраната помага за подобар перформанс на тренинзите, побрзо опоравување, за зајакнување на коските, подобри когнитивни перформанси.

суплементи за жени - л-карнитин

Мултивитамини

Мултивитамините се одличен начин да му ги обезбедите на телото сите потребни витамини кои му се потребни за цврст имунитет. Ова не се само суплементи за жени, туку и за мажи, без разлика на физичките активности. Особено се потребни во период на промена на годишните времиња кога имунитетот опаѓа, и во зима кога потешко обезбедуваме витамини за телото преку храна и сончева светлина.

За авторот

Пјер