Бизнис совети

Трансформирајте го вашето хоби во бизнис

Напишано од Пјер

„Работи го она што го сакаш и парите ќе дојдат сами“. Претприемачите овој совет го слушаат безброј пати низ годините. Што мислите, точен ли е? Повеќето луѓе кои се обидуваат да го претворат своето хоби во бизнис, не успеваат во тоа. Тие завршуваат само со скапо хоби, а не со успешен мал бизнис.

Но постојат неколку среќници кои успешно ја искомбинирале својата пасија со бизнисот и генерираат приход. Во што е разликата? Одличен пример како да управувате со бизнис базиран на хоби е емисијата „Toy Hunter“ која се емитува на „Travel Channel“.

Шоуто е фокусирано на продавачот на играчки Џордан Хамброу кој пребарува по таваните, гаражите и шкафовите на колекционери на играчки, во потрага по вредни играчки. Хамброу кој носи маичка на која стои “still plays with toys“ ужива да ги троши своите денови во потрага по вредни играчки.

Негови совети се:

Купувајте разумно – знајте ја вистинската вредност на вашиот производ и тргнете ги на страна сопствените желби. Понекогаш колекционерите сакаат од Хамброу да плати повеќе за нивната играчка но тој не попушта, што значи дека можеби премногу сака да ја има играчката но е фокусиран на реалноста наречена “профит и загуба“.

Одржувајте врски со добавувачите – иако можеби да остварувате профит ви е најбитно на почеток, сепак не ги занемарувајте и добавувачите. Хамброу повторно ги посетува истите колекционери за да купи играчки од нив бидејќи нема намера да ги “ограби“.

Маркетинг – Хамброу најмил маркетинг-агент, кого го известува кога има во план да купи некоја повредна и поголема играчка, како на пример „Star Wars“ количка од `80-те. Што поретка играчка, толку е потребно повеќе маркетинг за да се најде продавач кој ќе сака да ја продаде.

Следете го дотекот на парите – во колекционерскиот бизнис, важно е да не вложите премногу пари во инвентар, бидејќи нема да имате пари за работење. Играчките кои Хамброу ги купува се најчесто под $20 но таа на „Star Wars“ чинела $750 – уште поголема причина за да се најде брзо продавач за да биде готовината ликвидна за покривање на сметки.

Држете се до она што го знаете – колекционерството е голема област, со многу специфични сфери. Хамброу се држи до играчки инспирирани од телевизиски серии и играни филмови, претежно од `80-те.

За авторот

Пјер