Мода

Трендовите се менуваат, но едно останува засекогаш, тексас јакната на Levis

Напишано од martin

Levi Strauss & CO кон крајот на 19 век го произведе првиот модел на тексас јакна. За многу брзо време оваа јанка стана симбол за револуционерноста и американската традиција. Во наредните децении, тексас јакната на Levis доживеа три инкарнации познати по називот TIP I, TIP II и TIP III. Најпопуларен и најпознат беше TIP III, кој луѓето го знаеа и како тракерка, креиран во 60-те години на минатиот век.

За сезоната есен/зима 2017 година, брендот креираше зимски модел на познатата тракерка по повод златниот јубилеј, а тоа е прославувањето на 50 години постоење.

“Altered” тракерка

За оваа сезона, сиздадена е колекцијата Levi’s Altered, која е одраз на класичниот дизајн. Преку најбараните и најпрепознатливите кроеви, креирани се единствени, прилагодени модели, кои сега имаат нови детали.

Тракерка со вештачко крзно

Покрај постојаните линии на јакни за ладното време, брендот креираше класични тексас јакни со крзно.

За авторот

martin