Бизнис совети

Три квалитети кои треба да ги преземете од богатите луѓе

Напишано од Пјер

Во книгата „How Rich People Think“ Стив Сеиболд изнесе заклучоци од 20 годишното истражување на богатите кои своето богатство го стекнале исклучиво преку нивната работа.

Овие ретки луѓе не кријат никакви големи тајни и магични формули. Тие имаат само поразлично размислување во комбинација со повеќе смелост и страст. Што е тоа што богатите го имаат?

Верба во себе

Богатите веруваат во себе. Веруваат дека со нивните идеи можат да продадат и да заработат многу пари правејќи го тоа што го сакаат. Нивната верба ги привлекува парите. Стив Сеиболд во книгата наведе дека „Богатите веруваат во можноста да се збогатат додека остатокот од светот верува во сиромаштијата. Вербата во сиромаштијата ве повлекува наназад“.

Не ги интересира формалното образование

Интересно – 90 проценти од тие кои сами го стекнале своето богатство го избегнале формалното образование. Но, нивните домови се преполни со книги од областа за напредок и успех од полето на кое работат. Тие даваат се од себе да научат што е можно повеќе за својата работа и во тоа стануваат експерти.

Тие не се робови на своите пари

Најважно е богатите да имаат позитивен однос со парите. Нив, парите ги ослободуваат, тие не им робуваат на парите, тие и парите се пријатели. А што прават сиромашните? Тие во суштина се плашат од парите и се плашат од богатството.

За авторот

Пјер