Задолжително

Три зимски модни машки комбинации за празниците што следат

Напишано од Пјер

Имаме уште една недела до нова година, што значи секој следен ден ќе биде во празнично расположение. А секое празнично расположение бара правилен машки зимски весел стил. Овој дел од годината, се сведува на три стила кои варираат од ден на ден.

Првиот е авантуристички, за момците кои ќе одберат празниците да ги поминат надвор од дома, на некоја планина, во некоја метропола на прошетка со поубавата половина или друштво. Вториот стил е домашниот, оној кој го бираат момците кои се уморни од 2017, и едвај чекаат да одморат дома, во вино атмосфера со гледање серии/филмови/англиско првенство фудбал. Третиот стил е за неуморните, оние кои секој втор ден се искочени, и живеат за празникот. Нивниот стил врти околу формалното, но со простор за кежуал затоа што празниците не се толку строги во поглед на стилот. Кој стил ќе го одберете вие?

За авторот

Пјер