Одржување

Трикови со парфеми кои мора да ги знаете

Напишано од martin

Да го пронајдете вистинскиот парфем, кој ќе ви служи како што сакате и ќе остави впечаток не е баш лесна работа. Парфемите кои ги ставате на вас секојдневно треба да бидат постојани, па затоа првата работа која мора да ја решите, е каков вид на парфем сакате да купите.

Парфемската вода (eau de parfum) во однос на тоалетната вода (eau de toilette) има повеќе концентрат, што значи дека мирисот е генерално појак. Според некои тврдења, колонската вода (eau de cologne) има мала концентрација на есенцијални масла. Тоалетните води пак од друга страна имаат некаде околу 8 % масла, додека парфемската вода има до 15 % есенцијални масла.

Друга работа која е многу важна се деловите на телото на кое што го ставате парфемот. Вистинските експерти препорачуваат парфемот да го ставате на централните делови од телото, а не по цело тело. Градите и вратот се места кои се најпогодни за парфем, но доколку преферитае суптилен мирис, парфемот ставете го на пределот на папокот. Како поминуа времето и мирисот ја губи јачината, па доколку парфемот е послаб, најдобро е да се прснете 4 пати, а додека е појак, 2 пати.

Трета работа е местот каде што ги чувате парфемите. Иако поголемиот дел од нас го чуваат парфемот во купатилото, тоа не е најдобро, бидејќи топлината и влагата ја намалуваат јачината на парфемот. Затоа подобро е парфемот да го чувате на поладни места.

За авторот

martin