Спорт

Уникатната мотивираност која произлегува од Pro Basketball тренерот

Напишано од martin

Индивидуалната обука на играчите, подразбира работење максимум со еден или двајца играчи што нуди можност на тренерот да им даде максимално внимание на деталите. Секоја кошаркарска вештина се усовршува со голем број на повтроувања, но тоа сепак е неизводливо на екипните тренинзи. Кај индивидуалните тренинзи треба да се обрне огромно внимание на методите кои го нагласуваат работењето на нозете, рацете и рамнотежата на играчите, кои се темели за успех на еден кошаркар. Значењето на индивидуалните тренинзи се гледа по резултатите кои ги постигнува еден играч. Односот помеѓу успешните кошаркари кои тренирале индивидуално и оние кои не е 90 % – 10 %, во корист на оние кои тренирале индивидуално. Мора да признаеме дека ова е навистина импресивна статистика.

Благодарение на Ивица Јаковлевски или добро познат како мастерот за индивидуални тренинзи, конечно и во Макадеонија ја донесе можноста кошаркарите да се усовршуваат на вистински начин и да можат да тенираат со иновативни програми за индивидуален тренинг. Тој во СЦ Борис Трајковски го промовираше своето најново промотивно видео за Pro Basketball Тренинг. На промоцијата може да се видат видни луѓе од македонската кошарка и голем број на негови подржувачи кои ја препознаа, прифатија и ја подржија неговата идеја и замисла.

Браво Ивица! Светско, а наше!

 

За авторот

martin