Автомобили

Урбано и авантуристичко искуство со француската перфекција

Напишано од martin

Сè започна на Козјак, местото од кое што ви застанува здивот. Неверојатен поглед и прекрасни пејсажи, сè изгледа идилично на ова волшебно место кое се наоѓа на само неколку километри од Скопје.

Патешествието кон овој живописен предел го започнавме од центарот на Скопје во друштво на новиот Peugeot 308 Blue HDI со Active ниво на опременост. Полека по свиоците на патот успеавме да дојдеме до точката од каде што се гледа прекрасниот панорамски поглед кон езерото и карпите. Со зголемена контрола и задоволство при возењето, успеавме да видиме дека новиот Peugeot 308 е технички напреден за да овозможи примерно однесување на патот и надвор од урбаните услови.

Со желба да искусиме повеќе од исклучително удобното возење, од Козјак продолживме кон Охрид. Во текот на патувањето, го искусивме секој детал од новиот Peugeot 308. Ентериерот е дизајниран за уживање и на возачот и на патниците во Peugeot i – Cockpit. Откривме поагилно, интуитивно возење со компактен управувач, дисплеј во висина на погледот и екран на допир. За време на патувањето, она што нѝ остави најголем впечаток е комфорот што го нуди овој автомобил, како и оптималната удобност како во предниот така и во задниот дел. Новиот 308 со Active ниво на опременост има ексклузивно нов Blue HDI мотор кој воведува нов компактен систем за контрола на емисиите и помала потрошувачка на гориво.

Патот до Охрид помина брзо, не го ни почувствувавме. А таму нè пречека сонлив, романтичен и преубав град кој нè поттикнува да се вратиме назад во времето уште во првиот момент кога ќе го посетиме. Вибрацијата на стариот дел на градот е речиси непроменета, зачувувајќи ја оргиналноста на местото. Убави градби, прекрасни бои и оној стар, препознатлив мирис. Додека го шетавме градот, сончевите зраци кои се одбиваа од мирното Охридско езеро, како да ја откриваа смелоста и елегантниот стил на новиот Peugeot 308 директно низ редизајнираните линии. Новиот преден дел со логото во форма на лав во средина ја навестува неговата моќ, со нова хауба над коцкастата маска и новиот браник.

Сонцето полека започна да се крие позади облаците, но не си дозволивме да го напуштиме градот без да го посетиме крајбрежјето. И пред крај на ова наше патување забележавме уште една карактеристика кај новото Peugeot 308. Тој има светлосен потпис вграден во full – LED фарови, кои на одличен начин го истакнуваат темпераментот на возилото на дневна светлина и навечер.

Исполнети од прекрасните искуства од ова патување, се вративме дома, со желба да ги споделиме затоа што секој заслужува да ги почувствува. Но, колку и да ви раскажуваме нема да биде доволно. Peugeot 308 е автомобил кој треба да го доживеете.

Фотографија – Венко Шереметкоски

Изглед

Погледнете ја галеријата од целото патување!

За авторот

martin