Технологија

Уште еден хибриден часовник – Frederique Constant

Напишано од martin

Комбинација на одличен механизам и одлични функционалности, брилијантниот тим на Frederique Constant го претстави својот Hybrid Manufacture модел. Механичкиот дел на FC-750 калибарот е целосно развиен во просториите на овој бренд и доаѓа со резервна енергија од 42 часа. Тој е сместен во 42 мл куќиште кое е опремено со сафирски кристали. Механизмот кој може да се види е механички.

Електронскиот дел на FC-750 калибарот се полни, а тој нуди повеќе активности и функционалности како што се следење на спиењето, светско време и дијагностички елементи. Frederique Constat Calibre Analytics е механизам кој е специјално направен за да го мери темпото и да ги пронаоѓа евентуалните грешки во работењето на часовникот. Овој паметен часовник си има и своја мобилна апликација која се поврзува преку Bluetooth.

За авторот

martin