Настани

Успешно одржана акција за чистење на кејот на Вардар

Cashback World е куповна заедница која во своето дејствување вклучува две фондации и тоа Child and Family и Greenfinity фондацијата. Greenfinity фондацијата активно е вклучена во различни проекти насекаде низ светот за зачувување на животна средина.

Најголемата куповна заедница во Македонија, Cashback World  поддржана од Greenfinity фондацијата  на 02/09/2017 организираше Акција за чистење на кејот на Вардар.

Повеќе од 70 присутни беа дел од акцијата. Присутните со насмевка и ентузијазам го собираа околното ѓубре, а топлото време не ги спречи ниту случајните минувачи да се придружат кон оваа акција.

Се собра огромна количина на пластични шишиња, кеси, делови од домашни апарати, пластични лежалки, буриња и останато ѓубре.

„ Целта на овие настани е да ја подигнеме свеста кај луѓето во нашиот град и во нашата држава, да им дадеме до знаење на сите дека треба да сме совесни за тоа каде го фрламе отпадокот. Не е наша цел да живееме во отпад, туку да егзистираме во убава и здрава околина и да живееме долго како човечки битија. Крајно време е да ја промениме свеста и разбереме дека со нашата немарност, неразмислување и дрскост према самите себе си, самите си ја уништуваме околината во која живееме, а со тоа и нашето здравје. Ние сме едноставно преплавени насекаде околу нас со отпад кој самите си го создаваме и притоа неуспешно го менаџираме.

Апелирам до сите граѓани на Македонија да се грижат за својата околина и генерално за околината во која сите живееме! Наша е и треба да ја чуваме, и таква да ја оставиме на нашите деца и поколенија. Имаме насекаде контејнери и канти, ве молам фрлајте како што е предвидено, бидете одговорни, размислете добро што правите, и направете позитивен и значаен придонес за заедно да ја зачуваме животната средина “ – изјави Радован Витошевиќ, Директор на Cashback World Македонија.

Се надеваме дека оваа акција ќе биде поттик за сите граѓани да бидат совесни во однос на фрлањето на отпадоците, а воедно и да се грижат за околината во која живеат.

За авторот

martin