Економија

Верувате ли во биткоинот?

Напишано од martin

Последниве неколку месеци, една од главните теми во светот се невидливите пари или познати како криптовалути. Дали можеме да веруваме толку многу во компјутерскиот код за да вложиме во него многу пари? Еден од основачите на виртуелната валута ripple, Крис Ларсен во еден момент го надминал Марк Зукенберг во заработка. Навистина е интересно што оваа валута пораснала 30,000 пати во последниот период, а сепак е пак позади биткоинот.

Голем број од луѓето, сеуште не се разбираат во овие виртуелни пари и навистина изгледаат комплицирано. Ова ни кажува дека голема бројка на луѓето во светот, сеуште немаат никаков допир со овие пари. Како што кажал Ари Паул за Форбс, криптовалутите се во слична ситуација како технолошкиот бум во 1994 година. Тој цела оваа приказна ја поврзал со историјата на развивање на меилот.

Денеска во светот постојат некаде околу 1300 криптовалути и нивната вредност се проценува на 700 милијарди долари. Биткоинот за прв пат е лансиран во 2009 година, и за неколку години е главна вест во светот, но мора да помине уште долго време, за да се зголеми довербата и луѓето да се научат и запознаат. Целата вредност на криптовалутите се темили на довербата, значи дали е едноставно да поверуваме дека пипливите пари може да ги замениме со оние невидливите кои претставуваат еден вид на код.

За авторот

martin