Најново

Ви го претставуваме TAG Heuer Connected Modular 41

Напишано од martin

Новиот модел на часовник кој е дизајнирам за оние со помал зглоб на раката. Кога за прв пат бил лансиран во март 2017, TAG Heuer Connected Modular 45 веднаш доби примат на луксузен часовник. Комплетно направен како swiss made производ со вграден иновативен модуларен концепт.

Новата верзија на TAG Heuer Connected Modular 41 кој е со дијаметар од 41 мм и е креиран за оние луѓе кои имаат помали зглобови. Иновативен, едноставен и порепознатлив. Направен е во соработка со Intel и Googlе, овој часовник се карактеризира со AMOLED 390×390 екран кој нуди 326 ppi резолуција.

Капацитето на складирање информации му е 8GB, додека има RAM од 1GB, што го прави неверојатен за употреба. И овој модел TAG Heuer Connected Modular 41 поседува модуларен концепт.

Овој модел ги нуди сите потребни функционалности. Тој е дизајниран во TAG Heuer фабриката во Швајцарија. Тој е водоотпорен до 50 метри и користи GPS, NFC сензор кој овозможува бесконтактно плаќање на Android Pay.

Овој часовник користи Android Wear оперативен систем кој е прилагодлив за AndroidTM 4 телефоните, iOS 9 и најновите верзии.

За авторот

martin