Пијалоци

Виски за сечиј вкус! 8 предлози што да му подарите на еден господин!

Напишано од martin

Ако имате некој настан, роденден, дипломска или било што друго, а сакате да бидете уникатни со поклонот, тогаш дефинитивно мора да почнете да размислувате за вискито како идеална опција за секој господин. Поради таа причина, денеска се решивме да ви претставиме неколку предлози на виски за сечиј џеб.

Ќе започнеме од класичниот Four Roses кој може да се најде по одлична цена, а сепак ќе понуди квалитет. Својот боат вкус се должи на кристално чистата вода која се користи во процесот на производство. Нијансите на јабука и круша прекрасно се избалансирани со зачинот и медот.

Nikka All Malt

Прекрасно виски кое се состои од Yoichi Miyagikyo малтот и ‘grain‘ виски. Прекрасен избор на јапонско виски.

Aberlour 15

Станува збор за 15 годишно виски од Aberloura, Select Cask Reserve, издание од францускиот пазар.

Macallan Amber

Едно од најдобрите вискија во светот. Овој предлог е вистински начин да се уверите што се Macallan може да направи од квалитетни состојки.

Togouchi, старо 18 години

Виски кое се карактеризира со богат прфил на вкусови кои се додатно изразени со интензивни ароми на дрво и овошје.

The Yamazaki Distiller’s Reserve

Свеж овошен single malt виски полно со црвено овошје. Совршен е за поголеми голтки.

Johnie Walker Blue Label

Ремек дело во светот на вискијата. Инзвонредно виски, за инзонредни прилики.

Jim Beam Distillers Masterpiece

Најдобро, од најдоброто. Ова е најреткиот бурбон кој го направил неверојатнот дестилатор, Фред Ное. Со ноти на ванила, вкус кој вреди да се проба.

За авторот

martin