Архитектура

Вистинско ремек дело – S апартманот кој се наоѓа во Париз

Внатрешниот дизајн е една од дисциплините кои Olivier Dwek ги превзема со страст. Неговиот вкус за интеракција на материјалите, ексклузивните текстури го водат да се спроведат сите видови на експерименти со искусни занаетчии. Работејќи заедно, тие ги вклучуваат третманите на материјалите кои произведуваат понекогаш и неочекувани резултати. Овој апартман во Париз, материјалите се комбинирани и соочени по ритам кој се мри до последниот детал.

Брусен алуминиум кој силно доминира во состав на просторијата за прием, нуди рефлексии од ефектот moiré кој може да се помеша со кадифено сива боја. Чуството на футуристичка софистицираност е суптилна со допири на американски орев.

Камениот под, обликуван од годините кои што ги поминал во речното корито, создава мистериозен впечаток. Во оваа високо архитектонска, урбана средина многу е важно да се искомбинираат светлината и природата. Според Olivier Dwek една од главните револуции во современата архитектура е дебелината на рамките на прозорите.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или Вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините.