Кариера Фитнес

За поголем успех во работата, практикувајте…

Напишано од Пјер

Сведоци сме на се поголеми промени во деловниот свет. Начинот на кој што сте работеле досега, повеќе не е доволен. Работата бара се повеќе, времето е се помало и се се вреднува на сметка на брзината и ефективното делување.

Последиците за нас се: зголемување на стресот и чувството на несигурност. Како тимот или поединецот ќе излезе на крај, како ќе биде поефикасен а воедно да го задржи својот мир и самодоверба.

Јогата како дневна дисциплина се повеќе се потврдува како успешна во современиот деловен свет и се користи многу успешно за психофизичкото рекреирање.

Директорите на големите корпорации приметиле дека тие самите, како и нивните вработени, значително се попродуктивни доколку секојдневно својата креативна енергија ја регенерираат и обновуваат.

Можноста за редовно вежбање јога (во паузите за време на работата), значително придонесува за зголемена ефикасност, креативност и воопшто за работните способности на вработените.

Во компаниите кои вовеле јога како можност за релаксација на своите вработени е забележано….

– зголемување на енергичноста и креативноста

– подобрена организација и раководење

– поголема издржливост и подобра адаптација

– појава на ентузијазам, нови идеи и нивна реализација

Зошто да не се обидете и Вие?

За авторот

Пјер