Кариера

За што најчесто се караат колегите?

Напишано од Пјер

Секој петти вработен не е во добри односи со колегите, а 30 проценти признаваат дека лицата со кои го делат работниот простор, страшно ги нервираат….

Се поголем е бројот на вработени кои се жалат од колегите, повеќе отколку од работата, истакнуваат експертите, и додаваат дека во денешно време здравата деловна атмосфера е вистинска реткост. Еве кои се најчестите причини за расправија меѓу колегите…

На првото место се годишните одмори, речиси дека ништо повеќе не може да го изнервира вработениот од тоа да види дека деновите кои тој ги планирал за одмор, веќе се резервирани од неговиот колега. Тое е многу стресно за дури една третина од вработените.

Секој петти вработен го нервираат колегите кои земаат без прашање туѓа храна од бирото или заедничка од фрижидерот. Со оглед на тоа дека се повеќе време поминуваме на работа, многу вработени се нервираат и од честите и долги паузи на колегите.

Резултатите на британската студија покажуваат дека секој петти вработен не е во добар однос со својот колега, а 30 проценти признаваат дека лицата со кои го делат работниот простор, навистина ги нервираат. Како главен виновник за ваквата атмосфера повеќето го навеле шефот, љубомората и стравот од губење на работата.

За авторот

Пјер