Економија Технологија

Забележан пад во продажбата на таблети

Напишано од Пјер

Во светот во првиот квартал се испорачани 36,2 милиони таблет уреди, 8,5 отсто помалку на годишно ниво, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата ИДЦ.

Во првиот квартал минатата година се испорачани 39,6 милиони примероци на таблет уреди.

Падот на испораките е видлив и во фактот дека повеќето водечки производители за време на првиот квартал испорачале помалку таблети, со исклучок на фирмата Хуавеи, која забележала раст на испораките од 31,7 отсто на годишно ниво.

Водечки производител и натаму е Ејпл, со испорачани 8,9 милиони таблети, додека на второ место се наоѓа Самсунг со испорачани шест милиони таблети.

Хуавеј се наоѓа на трето место со испорачани 2,7 милиони таблети, по што следат Амазон и Леново.

Во ИДЦ сметаат дека класичните таблети и натаму ќе бележат пад на испораките

Денар.мк

За авторот

Пјер