Кариера

Замина од светот најголемиот генијалец

Напишано од martin

Светот е во шок, бидејќи почина големиот научник чии што говори и теории ќе живеат уште долго со нас. Станува збор за британскиот научник Стивен Хокинг кој ја стекна својата слава преку неговите теории за црните дупки. Тој важеше за прв светски научник кој во својата работа ја комбинирал општата теорија на релативноста и квантната механика.

Хокинг за време на неговата кариера тој ги открил едни од најголемите тајни на космосот и покрај тоа што на негови 22 години, откриена му е амиотрофна латерална склероза, поради што поголемиот дел од својот живот го поминал во количка и бил приморан да комуницира преку компјутер.

За авторот

martin