Водич за готвење Задолжително

Застанете за момент, зошто ја имаме најдобрата Декемвриска понуда во Македонија!

Напишано од Нино

Во моментов баталуваме и мода, и нови колекции, и фитнес тренинзи, и секси девојки….Но, ќе прашате зошто?

Затоа што ја имаме најдобрата Декемвриска понуда во Македонија! Понуда која е и тоа како важна за нас, како тим на Friday.mk., затоа што се грижиме за изгледот, стилот и навиките на модерните мажи (и девојки). Станува збор за понуда на добро познатиот Црвен Нутрибулет, кој е добредојден во секој дом, и е одличен чувар на нашето здравје, спремност и изглед.

Значи Роденденски – 20% попуст за 20 години Топ Шоп!

Нарачајте Nutribullet Red за само 3.990 ден.
Побрзајте, понудата важи до 31.12. Кликнете Tука

nutribullet_600-5pcs_red_00

Затоа како за почеток еден мини водич за употреба на најдобриот апарат за смутиња.

Нутрибулет е толку едноставен апарат, како е можно нешто да згрешите? Верувајте, веќе цела година одговараме на прашања за неговата употреба, грешки се случуваат!

Следниот пат кога ќе подготвувате смути, обидете се да ги одбегнете овие најчесто грешки.

1.Не користите зелени листови

Зелените листови не само што се богати со хранливи состојки туку и го регулираат нивото на шеќер во организмот, кое може да се зголеми поради шеќерот во овошјето или пак другите природни засладувачи како што е медот, смоквите, итн. Тие се полни со витамин К, Ц, А, Фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, калиум, хлорофил и антиоксиданси. Не можете да консумирате зеленчук? Во шејкот нема ни да го забележите. Започнете со неколку мали ливчиња спанаќ во комбинација со вашето омилено овошје. Со текот на времето можете да правите многу повеќе комбинации.

2.Преполнување на чашата

Доколку ја преполните чашата може да дојде до претекување кое покрај нередот може и да го оштети Нутрибулетот. Доколку имате многу состојки кои сакате денес да ги искомбинирате, тогаш најдобро е да си подготвите 2 шејка наместо 1. Никогаш не ја надминувајте MAX линијата.

3.Премногу овошје или овошен сок

Преголемото количество шеќер во било која форма, со текот на времето може да доведе до здебелување. Овошјето е полно со влакна, антиоксиданси и други фито-хемикалии кои се неверојатно полезни за човечкото тело. Овошјето и овошниот сок, сами по себе го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а со време, гликозата и инсулинот може да доведат до дијабет. Исто така, доколку со време не ги согорите молекулите на гликоза, тие ќе се претворат во масно ткиво.

4.Пиете премногу брзо или премногу полека

Некои од нас сакаат да уживаат во вкусот, додека па други не ја спуштаат чашата додека не испијат се. Доколку спаѓате во една од овие групи, тогаш грешите. Колку подолго хранливите состојки се изложени на топлина, светлина и воздух, толку побрзо се распаѓаат. Доколку го подготвите смутито и го оставите отворено на работното биро, тоа со време оксидира и ги губи хранливите карактеристики. Едноставно затворете го со капак и најдобро е да го чувате во фрижидер.

Од друга страна пак, ако го пиете во еден здив, најверојатно ќе се чувствувате подуени, ќе имате проблем со киселини, па може дури и да гадење и вртоглавици. Кога пиете полека му давате на вашето тело време ефикасно да го обработи она што го внесувате.

5.Не подготвувате смути

За ова нема изговор: тие се едноставни за подготовка, вкусни, полни со хранливи состојки, апаратот брзо и лесно се чисти. На друг начин вашето тело никогаш нема да може да ги впие сите тие хранливи состојки, освен преку шејкот. Исто така, на овој начин можете да ги јадете и оние состојки кои обично ги одбегнувате, со тоа што ќе ги камуфлирате со омилените вкусови.

6.Не е доволно ладно

Шејковите се многу повкусни кога се ладни. Ставете замрзнато овошје или пак само неколку коцки мраз и уживајте.

7.Не користите квалитетни состојки

Го пиете она што го користите. Доколку не користите квалитетни состојки не очекувајте да добиете вкусно и квалитетно смути. Секогаш одлучете се за свежи, здрави состојки, органски секогаш кога ќе имате таква можност.

8.Не користите здрави состојки

Доколку би им подариле Нутрибулет на вашите родители, најголем дел од нив на почетокот најверојатно ќе го користат за подготовка на благи пијалаци, како што е на пример милк шејк со сладолед. Тоа што треба да го знаете е дека подготовката на смути е нешто кое би требало да го подобри вашето здравје, па затоа држете се до здравите состојки. Одбегнувајте вештачки засладувачи, полномасно млеко и млечни производи, сок од портокал, одредени протеини во прав и тревки кои не ви се препорачани од лекар.

9.Се плашите да го менувате оригиналниот рецепт

Можностите се бесконечни! Разбудете ја својата креативност. Комбинирајте ги состојките и уживајте во новите вкусови.

10.Премногу состојки

Доколку користите премногу состојки, можно е да дојде до претекување од чашата. Исто така, комбинацијата од премногу различни вкусови може да има чуден и не баш пријатен резултат. Најдобро е да имате малку зелени листови од еден вид на зеленчук, 2 мали парчиња различен зеленчук, 1-2 овошја и 1-2 јатки. Додадете и малку вода.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)