Фитнес Храна

Зголемете го дневниот внес на протеини во 4 едноставни чекори

Напишано од Пјер

Во фитнесот редовно се зборува за важноста на протеините за телото и сите придобивки од нивно консумирање, но кога ќе дојде момент да се подготви оброк често нѝ недостасуваат конкретни идеи со кои ќе го достигнеме саканиот внес на протеини. Следните 4 чекори со кои ќе треба да направите мали измени во изборот на храна ќе ви бидат од голема помош.

Измени во исхраната со кои ќе го зголемите дневниот внес на протеини

Со зголемувањето на дневниот внес на протеини ќе си помогнете во изградбата на мускулите и нивното опоравување по вежбањето. Исто така, ќе го забрзате процесот на топење масти, а ќе се чувствувате сити подолго време по протеинскиот оброк.

Дајте му предност на зелениот зеленчук

Зеленчукот генерално е полн со нутриенти и растителни влакна. Затоа помага во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта и помага за правилно функционирање на дигестивниот систем. Голем дел од клучните минерали и витамини кои ви се потребни во денот ќе ги најдете токму во зеленчукот. Но, некои од овие плодови се дополнително богати со протеини, а тоа е зелениот зеленук – како спанаќ, кељ, брокула, грашак, леќа. Затоа трудете се да внесувате што е можно повеќе од ваквиот зеленчук, како главен оброк, но и како ужина во облик на салати.

внес на протеини - зеленчук

Правете паметни избори со млечните производи

Млечните производи се одличен извор на калциум и масти кои му се потребни на телото и секако, протеини. Но, стандардните преработки од млеко често содржат висока количина на масленост и сол, па затоа и не се високо на листата на препорачана храна во фитнесот. За среќа дел од нив се попогодни за консумирање, па така со мали измени во изборот на млечни производи можете да ги искористите нивните нутриенти, а да ги избегнете несаканите состојки. Заменете го јогуртот со павлака со ниска масленост, а сирењето со урда. Така ќе избегнете претеран внес на масти и сол, а ќе го зголемите вашиот внес на протеини во денот. Ако ги користите во комбинација со друга храна, можете да додадете и една рака ореви за уште поголема количина на протеини и подобар вкус.

Заменете го оризот со протеинска алтернатива

Оризот е одличен додаток во оброците и здрав извор на јаглехидрати. Но, ако вашиот режим на исхранасе базира на намален внес на јаглехидрати, оризот може да ви направи проблем. Најдобрата замена за ориз е киноата. Полна е со протеини, а потсетува на ориз по вкусот и текстурата, така што лесно ќе ја вметнете во редовните оброци. Исто така добро оди со леќа, со која можете уште повеќе да го зголемите дневниот внес на протеини.

Збогатете ја овесната каша

Овесот е одличен појадок – ви дава енергија за денот што следи и е полн со растителни влакна. Но, за жал не е комплетен протеин, односно не ги содржи сите 9 аминокиселини кои му се потребни на мускулниот систем. Затоа додајте во овесната каша од вашиот омилен вкус на whey протеин со што ќе и дадете поубав шмек и ќе направите од неа високопротеински оброк.

А еден од најдобрите начини за внесување на протеините е Нутрибулет. Проверете ја нивната најјака понуда во свет, на следниов линк.

За авторот

Пјер