Кариера

Знаци дека сте западнале во бизнис рутина

Напишано од Пјер

Досадно ви е на работа? Можеби е време да се запрашате дали станува збор за моментална досада или вашата кариера упаднала во бизнис рутина.

Ви претставуваме неколку причини поради кои можете да се чувствувате така. Ова се најчестите и највпечатливите…

Немате простор за напредување

Неретко деловните позиции имаат однапред одреден пат кога станува збор за напредувањето. Доколку сте го достигнале врвот од можностите ви недостасуваат нови предизвици и секојдневно ги извршувате истите задачи, не е необично што ви е досадно и што ви недостасува мотивација.

Некој ви стои на патот

Понекогаш ситуацијата е таква, па некој ви стои на патот до успехот. На пример, вие сте први во редот за напредување на повисока позиција, но личноста која е во моментот на таа позиција нема намера да си оди. Во тој случај морате да се одлучите колку долго сте подготвени да чекате и дали таа позиција навистина е вредна за чекање.

Работата не е за вас

Луѓето често на пазарот за труд се среќаваат со неисполнување на очекувањата. На пример, цел живот посакувале некоја работа и на крај кога ја добиле, сфатиле дека тоа не е она на што се надевале. Во таквите ситуации промената на кариерата е најдобра опција, без оглед колку ви се чини застрашувачка и непредвидлива.

За авторот

Пјер