Селебрити

Зошто цел свет го обожава стилот на Keanu Reeves?

Напишано од Пјер

Затоа што неговиот стил, а и самиот тој како појава, се едноставно бесмртни. Само запрашајте се, како може некој да не го сака Keanu Reeves?

Популарниот Нео, неговата трогателна животна приказна, и неговата скромност и хуманост, се дел од причините, но ние не забораваме и на неговиот кул дарк стил. Секогаш во темно (освен на некој црвен тепих знае да носи нешто поведро), и секогаш навидум несреден. Фармерките и зимските чизми се негов заштитен лик, а често комбинира и со ладните додатоци како шалот.

Доаѓаат ладни месеци и кај нас, па не е лошо нешто да ископирате од стилот на големиот актер.

И да, слободно пуштете брада 🙂

За авторот

Пјер