Фитнес

Зошто е важно да имате цврст задник?

Напишано од Пјер

Освен тоа што е секси и го подобрува впечатокот за целата фигура и кај жените и кај мажите 🙂 Со вежбите за цврст задник ја подобрувате состојбата на целото тело, си ги олеснувате секојдневните движења и го намалувате ризикот од повреда.

Цврст задник = цврст грб

Најголемата поддршка на грбот доаѓа од абдоменалните мускули и мускулите на задникот (gluteus maximus и gluteus medius). Сите мускули во телото функционираат поврзано, но овие три групи на мускули се посебно поврзани. Голем дел од движењата кои се вклучени во вежбите за цврст задник ги вклучуваат стабилизаторните мускули. Ова значи дека ја зголемувате силата во овој дел од телото, заедно со стомачните мускули и на тој начин ги зацврстувате, со што му давате поддршка на грбот и се штитите од болки и повреди.

Ги штитите колената од повреда

Вежбите за задник неизбежно ги зацврстуваат и квадрицепсите, како и другите мускули кои се наоѓаат околу колената и им даваат поддршка. Тоа е еден начин на кој ги штитите колената. Другиот доаѓа како директен бенефит од зацврстување на задникот. Колку поцврсти мускули развивате на задникот, толку го намалувате притисокот на колената при вежби како што се чучњевите бидејќи голем дел од движењето го контролирате токму со овие мускули.

цврст задник-заштита-за-колена

Ја подобрувате мобилноста на колковите

Цврстиот задник значи дека целиот систем на вашите колкови функционира одлично, заради тоа што со вежбите за оваа група на мускули ја подобрувате и мобилноста на колковите. Ова се случува повторно благодарение на тоа што сите мускули во телото функционираат заеднички и поврзано. Така со вежбите за цврст задник ги зацврстувате и мускулите кои се наоѓаат околу колковите, а тие ви помагаат да изведувате голем дел од движењата – одење, трчање, скокање, чучнување… Затоа луѓето кои не работат на мускулите околу колковите се соочуваат со болка во мускулите на задникот после трчање.

Интересно:  Што треба да содржи Whey протеинот кој го конзумираме ?

Си ја олеснувате изведбата на сите вежби

Мускулите на задникот ги активирате во многу повеќе движења од тоа што мислите. Тие ви помагаат подобро да ги изведувате сите вежби, но и полесно да правите секојдневни движења како што е качувањето по скали, возење точак, и слично. Кога овие мускули се цврсти, тие можат да ја носат вашата тежина и притисокот од движењата, така што останува помал дел за зглобовите и другите групи на мускули.

цврст-задник-за-подобра-форма

 

Затоа, без разлика дали сте маж или жена и колку ви е важен задникот за вашиот изглед, не заборавајте да вклучувате вежби за овие мускули во вашата тренинг програма. Тоа можат да бидат чучњеви, исчекор, мост, што и да сакате, само одвојте време и за мускулите кои ќе го подобрат целото ваше држење.

За авторот

Пјер