Живееме здраво со Polleo Sport Фитнес

Зошто на вашето тело му треба хидролизиран протеин?

Напишано од Нино

Ефектите од употребата на хидролизиран протеин се предмет на многу дискусии во изминатите години, така што голем дел од фитнес ентузијастите не беа сигурни дали е потребно да го вклучат во нивната исхрана. За да ги расчистиме дилемите, најдобро е да разгледаме што вели науката за тоа.

Веројатно веќе ви е познато дека телото полесно го искористува хидролизираниот протеин од другите форми на протеин, но верувам дека ова сознание не ви помага многу во одлуката дали тој е вистинското решение за вас. Затоа во текстот кој следи ќе разгледаме малку подетално кои се предностите од неговата употреба.

Што е хидролизиран протеин?

Хидролизираниот протеин се добива со разделување на протеинот од сурутка на мали парченца, т.е. на мали единици аминокиселини и мали аминокиселински соединенија или пептиди. Овој процес на хидролиза резултира со производ кој побрзо се разградува во вашето тело, транспортирајќи повеќе аминокиселини до вашите мускули. Заради тоа, употребата на ваквиот протеин носи неколку клучни предности.

хидролизиран протеин - предности

Што добивате со употребата на хидролизиран протеин?

Едноставната формула е: помали парченца протеин = поголеми резултати. Еве зошто:

Поголема количина на аминокиселини со подолготрајно дејство

Не постои почиста форма на протеин од хидролизиран протеин. Неговиот богат аминокиселински профил и брзата растворливост го прават идеален за употреба после тренинг. Што побргу му ги дадете на телото потребните аминокиселини по вежбањето, толку побрзо ќе се опоравите и ќе обезбедите подобри резултати. Брзината на дејството на протеините зависи од брзината на нивната апсорбција во телото, а хидролизираниот протеин содржи протеински единици во форма на кратки пептиди кои нашето тело многу побрзо и поефикасно ги апсорбира во споредба со слободните аминокиселини. Хидролизираниот протеин од сурутка исто така содржи повисоко ниво на леуцин во споредба со изолатот. Ако земеме во предвид дека леуцинот игра клучна улога во градењето мускулна маса, предноста е јасна.

Подобрено обновување на залихите на гликоген

Надополнувањето на залихите на гликоген преку внесување на јаглехидрати по вежбањето го забрзува процесот на опоравување и го подготвува вашето тело за следниот тренинг. Нивото на гликоген се регулира преку инсулинот, кој се стимулира преку јаглехидрати, но исто така и со самото присуство на протеини во телото.

Истражувањата покажуваат дека хидролизираниот протеин предизвикува значително поголем инсулински одговор во споредба со протеинските изолати и концентрати со што се постигнува ефикасно обновување на залихите на гликоген и одличен анаболичен одговор, доколку се консумира после вежбање.

хидролизиран протеин - ефекти

Кога е најдобро да се употребува хидролизираниот протеин?

Да резимираме – иако употребата на протеинот во хидролизирана форма носи многу предности, тој е особено ефикасен во две ситуации:

– При чести и интензивни тренинзи – хидролизираниот протеин ќе помогне за брзо опоравување на вашите мускули, така што за кратко време вашето тело ќе биде подготвено за следниот тренинг.

– Кога сте на диета – во периодите кога внесувате мала количина на јаглехидрати консумирањето на хидролизиран протеин ќе ви помогне при опоравувањето, но и при градењето на мускулна маса со помалку калории, благодарение на поголемата содржина на леуцин.

Како да изберете квалитетен хидролизиран протеин?

Најдобриот хидролизиран протеин од сурутка кој можете да го најдете на нашиот пазар на суплементи е PLATINUM HYDROWHEY. Иако самото хидролизирање на протеинот му дава фантастични бенефити, Optimum Nutrition одат чекор понапред со негово прочистување, односно отстранување на вишокот влага, холестерол, масти и други состојки кои би можеле да го намалат неговиот ефект. Вака прочистениот протеин содржи само 0,5г масти и 2,2г јаглехидрати по доза. Дополнителна предност на овој производ е тоа што е појачан со микронизирани BCAA во слободна форма.

хидролизиран протеин - platinum hydrowhey

www.MarioFit.net

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)