Храна

Зошто не треба да јадете на канцелариското биро

Напишано од Пјер

Веројатно често ви се случува да го „проголтате“ својот појадок покрај канцелариското биро, а додека јадете сендвич за тоа време задолжително ги отворате пристигнатите мејлови и продолжувате да работите. Тоа изгледа како фантастично решение за заштеда на времето бидејќи работата побрзо ќе ја обавите и така побрзо ќе си заминете дома.

Но како што тврди Роберт Боб Позен, автор на книгата „Extreme Productivity“ јадењето во канцеларија не само што е неинспиративно на кулинарско ниво, туку нема ни да ви го заштеди драгоценото време. Оваа навика дури и ќе ве направи помалку продуктивни. Позен објаснува зошто не треба да јадете на канцелариското биро и како најдобро да го поминете времето од паузата за појадок.

Јадете сами, далеку од компјутерот

Најдобро би било да заминете во некој близок парк. Тоа време кое ќе го потрошите на појадокот ќе ви помогне да се одморите, да ги соберете мислите и да се подготвите за остатокот од работниот ден. Отсуството на стимулацијата од екранот ќе го одмори вашиот мозок и ќе направи да станете покреативни.

Прошетајте по појадокот

Идеално би било кога таа прошетка би траела некои 20 минути. Тоа може да ви се чини како губење на времето, но на долги стази ќе се покаже како сјајно решение бидејќи така ќе бидете попродуктивни, а и телото ќе ви биде во подобра форма.

За време на ручекот запознајте нови луѓе

Можеби најважниот аргумент зошто да не јадете покрај канцелариското биро е тоа што појадокот може да ви „помогне“ во запознавањето на нови луѓе и стекнувањето на нови контакти. Докажано е дека појадокот со клиентите ја зголемува профитабилноста на евентуалниот договор. Затоа, ако не сакате да јадете сами искористете го тоа време за дружење со колегите или клиентите.

За авторот

Пјер