Бизнис совети

Зошто некогаш донесуваме погрешни одлуки?

Напишано од Пјер

Не морате да бидете искусен психолог за да ја разберете важноста на одлучувањето. Од рано наутро сите донесуваме некакви одлуки – што да облечеме, по кој пат да одиме на работа, што да направиме прво, кога да направиме пауза, на кого да му го понудиме производот, да ја промениме работата или не. Од големите и малите одлуки, секоја влијае на квалитетот на животот.

Што е тоа што го правиме па потоа правиме лоши избори?

Кратко гледаме. Немаме во главата повеќе опции и не мислиме. „Што ако овој избор не е добар? Кој би бил планот Б?“. Размислувајте кој друг избор би бил добар. Одлична помош е советувањето со други кои поминале преку слични сценарија во животот.

Потврда на своите одлуки. Секогаш бараме информации кои ќе ги потврдат нашите верувања, а не сметаме на оние другите. Секогаш сметајте на алтернативата. Обидете се да направите мал тест за вашата одлука или избор да функционира во реалноста. Вистинска работа.

Не водат моменталните емоции. Во одлучувањето често не води моменталната емотивна состојба. Обидете се да се проектирате во наредните десет минути, наредната година или за десет години. Дали би ве „носело“ истото чувство? Или, запрашајте се што би му рекле на пријателот во истата ситуација?

Преголема самодоверба. Сигурни сте 100 проценти во конечниот исход на изборот. Подгответе се и за тоа дека можеби сте погрешиле. Седнете на мирно место и помислете што е тоа што може да тргне во несакан правец.

За авторот

Пјер