Водич за готвење

Зошто рибата треба почесто да биде застапена во вашето мени

Напишано од Пјер

Освен совршената линија која со леснотија ќе ја одржите ако редовно јадете риба, оваа намирница може уште многу да придонесе за вашето здравје и убавина.

Не дозволувајте разните изговори да ве спречат редовно да јадете риба.

1. Важна е за здраво срце. Масните риби како што се лососот и туната имаат висока содржина на омега 3 масни киселини, незаситени масни киселини кои ги смируваат воспалените процеси во организмот, го намалуваат крвниот притисок и помагаат во балансирањето на срцевата работа. Според истражувањата, доволни се две порции риба неделно за да се намали ризикот од срцеви заболувања.

salmon_orange

2. Рибата е добар извор на протеини. Сите кои не сакаат месо можат да се потпрат на исхрана заснована на риба и да бидат сигурни дека ќе си обезбедат доволно ниво на белковини, што е важно за одржувањето на регуларна телесна тежина.

3. Диетата со риба ја подмладува кожата. Уморната и сува кожа ќе се освежи со редовната порција риба во исхраната. Споменатите омега 3 масни киселини ја одржуваат еластичноста на клеточните мембрани на кожата, а особено се добри за сите лица кои се преосетливи на сонце.

restaurant-healthy-options

4. Исхраната богата со риба помага во борбата против депресија. Бројни студии потврдија дека редовната консумација на риба може да помогне кај благите и умерени типови на депресија. Едно истражување покажало дека високото ниво на омега 3 масни киселини во третиот триместар од бременоста може да помогне во борбата против постпородилната депресија. За сите кои чувствуваат блага депресија, може да биде доволно само да ја вклучат рибата во своето мени.

За авторот

Пјер