Настани Фитнес

Зошто треба да дојдете на Fit Games?

Напишано од Пјер

Претпоставувам дека оваа сабота ви е веќе резервирана за настанот на месецот – Fit Games кој го организира Protein Lab во соработка со Crossfit Skopje & Nagomy Fitness. Овој настан, кој е еден од ретките од овој вид е отворен за сите кои сакаат да го проследат натпреварот како гледачи, и за сите оние кои редовно и активно се занимаваат со crossfit и/или функционален фитнес и се расположени да се вклучат како учесници.

Сите кои ќе присуствуваат ќе имаат можност да ги дегустираат вкусните протеински палачинки од Prote.In Skopje и дел од понудата на whey протеини и BCAA од Protein Lab. За доброто расположение за време на натпреварот ќе се погрижи нашиот познат актер Гораст Цветковски, кој е поддржувач на овој настан и еден од ретките јавни личности кај нас кои редовно и сериозно се занимаваат со фитнес, а диџејот Irie Scratch ќе го зачини сето ова со супер музички сет.

Зошто вие би присуствувале на Fit Games?

Еве зошто:

Ако сте чувствувате спремни за функционален фитнес:

  • Ќе имате можност да ги проверите сопствените физички капацитети.
  • Ќе можете да ги одмерите силите во однос на другите натпреварувачи на еден интересен настан кој е од натпреварувачки, но и од забавен карактер.
  • Ќе размените лични искуства и совети со луѓе со кои делите исти цели.
  • Ќе учествувате во процесот на доближување на здравиот и активен начин на живот до широката јавност како директни промотери и инспирација за сите кои ќе го посетат настанот, а се двоумат дали фит начинот на живот е добар избор за нив.
  • Не ви е потребно ништо повеќе од спортска опрема и натпреварувачки дух, и 300 денари за котизација со која добивате вкусен високопротеински, енергетски оброк од од нашите пријатели од фит ресторанот Prote.in Skopje, овошје и вода за освежување помеѓу вежбите и cool custom-made маица специјално дизајнирана за овој натпревар.

fit games vezbi

Ако не се чувствувате спремни за функционален фитнес:

  • Ќе бидете сведоци на натпревар со голема динамика, во кој натпреварувачите ќе ги одмерат своите физички капацитети.
  • Ќе можете да го искористите попустот од 10% за да си купите нешто од понудата на Protein Lab и да пробате whey протеин или BCAA.
  • Ќе пробате од најдобрите протеински палачинки во градот спремени од Prote.in.
  • Ќе можете да уживате во убава атмосфера благодарение на хуморот на Гораст и музиката на DJ Irie Scratch.
  • Ќе го поминете денот со позитивни луѓе кои ќе ве мотивираат да започнете или да продолжите со здрав и активен живот.

 

Главни поддржувачи на настанот се Flexofytol и MaYa.

Fit Games ќе се одржи на тениското игралиште веднаш до Protein Lab (високата кула Gorenje во Карпош 3), со почеток од 12 часот. Сите детали се достапни на официјалната Facebook страница на настанот.

fit games lokacija

Се гледаме таму! 🙂

За авторот

Пјер