Задолжително

Зошто треба да ја смените перницата?

Напишано од Пјер

Перниците ни помагаат да се наспиеме. Тие ни даваат одлична поддршка и делуваат директно на нашиот ‘рбет. Поголем дел од перниците се перат во машина и после неколку перења се уништуваат.

Перниците ни помагаат да се наспиеме. Тие ни даваат одлична поддршка и делуваат директно на нашиот ‘рбет. Поголем дел од перниците се перат во машина и после неколку перења се уништуваат. Прашањето е колку често треба да ја користите перницата пред да ја замените со нова. Ние го истраживме овој проблем и решивме резултатите од истражувањето да ги споделиме со вас. Веруваме дека ќе ве изненадат.

Алергии и други пестициди

Ако страдате од алергии тогаш веруваме дека сте подготвени да направите многу работи за да ги намалите симптомите. Претходно споменавме неколку совети како што се често менување и перење на постелнината во жешка вода за да се намалат алергените. Но дали е само доволно да ги перете навлаките на перниците? Запрашајте се: „Дали треба да ги исперам перниците?“ и помислете дали треба целосно да ги замените. Со тек на време перниците собираат телесни течности и мртва кожа, дури кога ги покривате со навлака. Прашината заедно со бактериите, мувлата како и други човечки фактори како што се дишењето и плунката се несоодветна средина за спиење. Експертите препорачуваат дека лицата кои страдаат од алергии треба да ја менуваат перницата на секои две или три дена. Користењето на специјални навлаки може да го продолжи овој период.

Навлаките се најчесто бели со патент. Иако тие изгледаат како нормални навлаки тие се специјално дизајнирани за да ги спречат прашините и другите алергени да навлезат во перницата. Навлаките буквално се физичка бариера помеѓу алергените и внатрешноста на вашата перница.

 Поддршка

Ако горе споменатите проблеми со алергии не се однесуваат на вас, сепак лесно ќе можете да откриете дали перницата на која спиете ви ја дава соодветната поддршка. Премногу рамна или перница со нерамнини може да биде многу неудобна  и лесно може да се замени.

Доктор Мајклс Бреус вели дека старата перница може да предизвика неправилна положба на ‘рбетот, тој да не биде во баланс и тоа да доведат нестабилност што ќе предизвика болки во вратот, грбот, ‘рбетот, нозете, па дури и болки во главата.

Тестирајте ја вашата перница

Ако сакате да одлучите дали треба да ја замените вашата перница тогаш направете ги овие тестови. Ако имате перница од микровлакна, свиткајте ја на пола и внатре ставете чевел. Ако перницата се исправи и го исфрли чевелот тоа значи дека може уште да спиете на неа. Ако чевелот победи тоа значи дека треба да ја замените перницата.

Ако имате перница со пердуви, свиткајте ја на половина и истиснете од неа што е можно повеќе воздух (тука не користиме чевел). Кога ќе ја пуштите перницата треба да остане права. Ако тоа не се случи тогаш време е да ја заменете перницата.

Спиење

Недостатокот на сон може многу да влијае врз вашиот секојдневен живот. Затоа е многу важно да направите сè што е во ваши раце за добро да се наспиете.

Едноставен начин за да постигнете тоа е да проверите дали проблемот е во перницата. Понекогаш премногу рамна или перница со многу нерамнини која не одговара на вашиот начин на спиење може да предизвика сериозни проблеми како што се депресија, срцеви болести, слаби рефлекси и сл.

Експертите препорачуваат дека перницата треба да се менува на секои 2 до 3 години.

Исто така многу е важно да запомните дека често им придаваме значење на некои работи кои не се многу важни, како што е облеката, а запоставуваме нешто што е многу поважно. Купувањето на квалитетна перница која ќе ги задоволи вашите потреби ќе го подобри квалитетот на вашиот сон и во следните две до три години нема да треба да размислувате за тоа.

За авторот

Пјер

Остави коментар