Задолжително

ЗОШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ СМОКИНГ НА ВАШАТА СВАДБА?

Напишано од Нино

Почнува периодот на свадбите, а воедно и слатките “маки” околу нивното организирање, бирање венчаница и секако, бирање машко одело или смокинг.

SIGNORI постои токму поради задоволувањето на желбите, идеите и потребите на џентлмените за елеганција, уникатност, креативност и појава, конечно добивајќи го заслуженото внимание, бирајќи си материјал, модел и детали коишто одговараат на нивните физички карактеристики, односно шиејќи класично одело или елегантен смокинг по мерка.

ROYAL BLUE TUXEDO

ROYAL BLUE TUXEDO

Да видиме најпрво што е разликата помеѓу двете парчиња облека.

Основна разлика е присуството на сатен, односно јаката, копчињата и џебовите кај смокингот се изработени од сатен, а истотака, може да има сатенска трака и странично, по должината на панталоните. Оделата немаат сатенски детали и обично имаат или пластични копчиња или копчиња обложени со истиот материјал од којшто е изработено оделото.

Кога станува збор за аксесоарите, смокинзите традиционално се носат со лептир машна и елек или сатенски појас, додека оделата традиционално се носат со долга вратоврска, со или без елек. Но, секако може да се направи исклучок од секое правило и традиција, по Ваш личен избор.

Што се однесува до тоа дали да носите смокинг или одело за Вашата свадба, тоа помалку има врска со физичките разлики, а повеќе е поврзано со различните пораки што се испраќаат носејќи одело или смокинг. Еве како ние размислуваме:

Овој ден Ви припаѓа Вас и на Вашата сопруга и двајцата може да се облечете како што Ви душа сака. Но, вистината е дека можете да носите убаво одело на свадбата и да изгледате средено и дотерано, но така може да изгледа секој друг гостин што присуствува на свадбената свеченост. Покрај тоа, можете да го носите истото тоа одело на работа, секој нареден денод годината, со што се губи посебноста на денот за којшто истиот е набавен. За Вашата свадба ќе сакате да носите нешто што Ве одвојува Вас и овој ден од останатите, а овде настапува на сцена смокингот.

MOKA BROWN TUXEDO

MOKA BROWN TUXEDO

Целта на облекувањето и дотерувањето за Вашата свадба не значи само да изгледате најдобро што можете. Тоа е значаен дел, меѓутоа,е и за да го одбележите Вашиот брак со аутфит наменет само за тој настан. Вашиот свадбен ден е посебен ден и заслужува посебен дрес код.

Оделото кажува дека сте организиран, компетентен, моќен и продуктивен член на општеството. Затоа е одличен избор за носење на работното место и за помалку формални општествени функции. Но, смокингот кажува многу повеќе од тоа. Смокингот кажува “Дојдов да го споделам овој момент со Вас. Не постои друго месток адешто повеќe би сакал да бидам”.

dscf7582

Да не спомнуваме дека ништо не би Ве направило да изгледате најдобро досега, од квалитетно направен смокинг, по Ваши мерки и совршен фитинг.

squareNikola_5 (1)

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)