Uncategorized Бизнис совети

Зошто треба да спиете по 8 часа?

Напишано од Нино

Постојат тип на луѓе кои велат дека можат да функционираат и со три до четири часа спиење секоја вечер. Сепак, треба да имаме на ум дека ова кратко спиење не влијае добро на нас. Истражувањата покажале дека секој човек да спие барем седум часа секоја вечер, но зошто да не бидеме подобри и да спиеме по 8 часа?

Еве неколку причини зошто треба да спиеме по 8 часа:

ЕМОЦИИ

Лишувањето одо вашиот сон често може да доведе до зголемување на вашите емоции, што значи дека шансите да бидете нервозни и променлив карактер во текот на денот се се поголеми и поверојатни.

УБАВИНА

Спиењето е ресторативно, што значи дека хормоните за раст се излачуваат додека ние спиеме. Колку е повисоко нивото на овие хормони, толку ние подобро изгледаме и се чуствуваме подобро.

КОНСОЛИДАЦИЈА

Подолгото спиење ни овозможува да задржиме повеќе информации. За време на спиењето, нашиот ум консолидира факти и спомени кои што ги имаме аимилирано во текот на денот.

СЕКСУАЛЕН НАГОН

Повеќе спиење претставува повеќе тестостерон, што исто така значи поголем сексуален нагон. Како и хормоните за растење така и овој вид на хормони најмногу се излачува за време на спиењето.

БОЛЕСТ

Според последното истражување кое е направено во 2011 година, пронајдено е дека луѓето кои не спијат доволно имаат 48 % поголема веројатност кај нив да се развие срцева болест.

ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Доколку не спиете доволно, вашиот стрес ќе биде се поголем и шансите за физиолошки проблеми се поголеми.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)