Технологија

ALL IN 1 – најдобрата домашна канцеларија

Напишано од martin

Постојат голем број на така наречени ALL-IN-1 работни станици, но оваа што денеска ќе ви ја претставиме е нешто што досега не сте го виделе. Тие обично се прават на принцип да имаат само монитор без куќиште со цел да не завземаат многу простор.

Станува збор за Cemtrex SmartDesk концептот кој поврзува три монитора кои се осетливи на допир, а сите тие се поврзани на Windows оперативниот систем. Целта на овој проект е да се елиминираат каблите при поврзувањето.

Кај оваа работна станица може да се најде скенер од 13 мегапиксели, бежични полначи кои се интегрирани во масата и вградена тастатура. Овие работни станици се доста корисни особено за оние луѓе кои работат на повеќе програми истовремено, а најинтересното е тоа што за целата работна станица, потребен ви е само еден кабел за напојување со струја.

За авторот

martin