Мода

10 модни правила за облекување во деловниот свет

Напишано од The Gentleman

Правилниот стајлинг на работа е од огромно значење за напредок, за почит од колегите и соработниците, и секако за самодовербата. Серијата Mad Man е вистински доказ за тоа. Но тоа не значи дека треба да носите одело секој ден на работа, затоа што модниот стајлинг многу зависи од работната позиција, од дејноста и од работната организација. Затоа,  не оди баш програмер залепен за стол 12 часа да оди во одело на работа. Затоа внимателно следете ги правилата.

1 – Доколку работите на сериозна работна позиција, на фисока функција, во организација од типот на банка, осигурителна компанија, или слична финансиска институција, оделата се ваше секојдневие. Наш предлог е црната боја да ја избегнувате комплетно, освен ако не сте 50+ и сте на врвот на институцијата. Носете тегетот и сиви одела. Тие одела даваат знак дека знаете каде сте во секој момент, и дека самодовербата ви е на максимум.

j.crew aw15 luigi bianchi mantova aw16 de fursac debenhams aw16

2 – Double-breast (дворедните) одела во 80-тите биле секојдневие. Денес нив може да ги видиме еднаш годишно. Епа време е да го вратиме малку назад времето. Доколку вие сте главната фаца која ја промовира организацијата која работите, кој го продава брендот, тогаш дводелните одела треба да бидат дел од вашиот стајлинг, поготово во деновите која ве чека некој важен состанок или настан каде треба да оставите силен впечаток. Бојата ја оставаме на вас, иако тегетот и сивата повторно ни се фаворити.

3 – Чевлите во погоре наведените комбинации се од огрмоно значење. Затоа што доколку тие се промашени, џабе сте се мачеле. Најбитно е, да знаете дека во зима се комбинираат и соодветни чизми (Chelsea се секогаш наш прв избор), секогаш мора да се чисти, и гледајте да бидат во некоја нијанса на кафено. Може и друга боја, но со кафената имате сигурен избор.

4 – Кошулата варира во зависност од работната организација, односно компанија. Белата и сината кошула, најчесто во чиста нијанса иако и некакви дискретни линии и коцки не се на одмет, се вистинскиот избор за момците со формални работни позиции. Доколку сте програмер, дизајнер, или маркетинг гуру, тогаш може малку да прошарате со посмели бои како црвената и зелената, и да испоробате и дрвосекачки стил. Работната организација го диктира изборот на кошулата.

5 и 6 – Дојдовме до моментот на избор дали ќе носиме вратоврска или не. Доколку работите во финансиска организација, или на некоја висока функција на некое друго место, вратоврските треба да се дел од вашето секојдневие. Може од време на време да ги одбегнувате, но не смеете да ги исклучите. И гледајте да бидете креативни со дизајните, согласни останатиот аутфит, и пазете на квалитетот.

REISS CANTER KNITTED SILK TIE - Click to buy KINGSMAN + Drake's Diamond-Patterned Wool Tie - Click to buy DUNHILL 6cm Polka-Dot Knitted Mulberry Silk Tie - Click to buy CANALI 8cm Striped Slub Linen And Silk-Blend Tie - Click to buy

Доколку пак имате простор за маневрирање, и не сте фаца за вратоврска, тогаш одете клот. Smart Casual блејзер или одело, со кошула без вратоврска. Имате одобрување од нас.

m&s ss17 m&s ss17 luigi bianchi mantova aw16 john lewis aw15

7 – Никако не заборавајте на актовките или чантите, каде во денешно време важи правилото – што помали тоа подобро. Доволно е внатре да собира мал таблет, тефтер, визитки и пенкала. Не ви треба ништо повеќе. Квалитетот исто така е битен, како и бојата (кафено и црно, ништо повеќе). Доколку сте гик, ранците се дозволени, но во ниеден друг случај не се.

8 – Погоре ги споменавме тефтерот и пенкалото, кои може да бидат сериозни како и вашата работна позиција, но и кретивни доколку одговараат на вашиот менталитет.

9 – Седењето 24/7 на работа не е добро за вас. Доколку не сте организирани променете нешто, доколку стварно имате премногу работа зборете со вашиот предпоставен. Не е добро за вашиот изглед, и за вашата самодоверба, кој се од огромно значење за вашиот стил.

10 – И не, не ве заборавивме вам, мажи кои мразите чевли. Доколку сакате замена, тоа се минималистичките патики. Спортските и скејтерските патики не се за тука, тие се  се за во сала, за на плажа, и за во маалскиот кафич.

За авторот

The Gentleman