Мажот во очите на жената

10 начини како да станете попривлечен кај жените

Напишано од The Gentleman

За да станате атрактивен маж, не е толку тешко колку што си мислите. Дури и ако не сте надарени со најсекси гени, не треба да се плашите. Со помош на неколку совети и трикови помогнати преку науката, вие може да станете најдобра, жешка и привлечна верзија од самиот себеси.

Во продолжение, тимот на Friday МК оформи листа од 10 начини како да станете попривлечни за жените.

Растете брада

Растењето на брада претставува едно од најдобрите работи кои можете да ги направите за себе, бидејќи преку анкета во Велс потврдува дека за жените, најсекси мажи се оние кој имаат густи влакна. Брадата не корелира само со зрелост и машкост, туку и со агресија и доминантност. Средно ниво на брада е најатрактивно кај голем дел од машката популација.

Носете наочари за сонце

Сте се запрашале ли некогаш зошто носењето на наочари ве прави 10 пати поатрактивен? Како прво, наочарите ви даваат мистериозност, што е доста жешко. Очите, исто така претставуваат многу важен извор за информација и ранливост кај луѓето.

Изгледајте важно

Според студија направена во 2010та година во институтот во Велс, потврдено е дека мажите кои се сликани со луксузни коли се гледаат како поатрактивни за разлика од оние кои се сликани со поекономична кола. Исто така, во контекст на ова следи и стилот на облекување кој треба да биде модерен и уникатен.

Формирајте друштво за забава

Очигчледно, дружење со група пријатели претставува предност во поглед на атрактивноста кај мажите. Причина за ова е  ” Cheerleader effect ” , кој е психолошки феномен, каде некои луѓе стануваат попривлечни кога се во поголема група.

 

Бидете фин

Луѓето кои се пофини секогаш се први на листа кај жените. Повеќе студии потврдуваат кои се подобри и пофини повеќе успеваат со жените, него оние кои гледаат само за себе и не успеваат во животот.

Бидете смешен и интересен

Најголем дел од жените практикуваат мажи кои имаат добра смисла на хумор. Мажите кои се интересни и кажуваат хумористични приказни се најактуелни кај поголемиот дел од женската популација.

Не користите лоши фрази кога сте со девојче

Ако сакате да станате поатрактивен маж, ви препорачувам да не користите премногу познати линии кога се запознавате со девојче. Според една студија, жените повеќе практикуваат мажи кои се поставуваат нормално, а не преку фрази земени од познати личности и блогери кои се главни на социјалните мрежи.

Купете си куче

Сите знаеме дека кучињата се најубавите домашни миленичиња во светот. Но, дали знаевте дека ако имате свое сопствено куче, тоа ве прави попривлечен кај жените. Мажите кои чуваат кучиња три пати побрзо можат да добијат телефонски број од девојка, него оние кои немаат домашно милениче.

Носете колонска вода

Мажите стануваат попривлечни кога ставаат колонска вода, што ги прави поуспешни кај жените. Носењето на колонска вода, или пак на некој скап парфем, ве прави не само убаво да мирисате, туку и да се чувствувате пожешко кое жените го почитуваат.

Грижете се за вашата хигиена 

Хигиената и одржување на вашиот изглед ве прави да изгледате поатрактивно и успешно. Студија во Лидс укажува на фактот дека забите се најглавна алка кога станува збор за избор на девојка. Затоа, најважно е да го одржувате вашиот прекрасен осмех преку секојдневно миење на забите, белеење и други начини кои ќе ве направат да изгледате попривлечно.

 

 

 

За авторот

The Gentleman