Патувања

10 најскапи градови за живот во Германија

Напишано од Mr. N

Минхен не е веќе најскапиот град за живот во Германија. Пред него на списокот најскапи градови има дури пет други градови. Најскап е Карлсфелд, по што следи Штутгарт, Лајнфелден-Ехтердинген, Гермеринг, Дахау, па потоа баварската метропола.

Сè уште во Минхен е скоро невозможно да се најде стан, но ситуацијата е уште полоша во Штутгарт.

Овие податоци доаѓаат од годишното истражување на компанија за истражување F+B.

Директорот на компанијата, Бернд Лејтнер изјави дека во Штутгарт изнајмувањето стан се плаќа во просек 10,41 евра за метар квадратен, додека во Минхен е 9,74 евра.

Леjтнер вели дека становите се најскапи во Карлсфелд (област во Дахау), каде цената за метар квадратен е 10,86 евра.

Ова е доказ дека правилото да се живее подобро и поевтино во околината на поголемите градови повеќе не постои, изјави Лејтнер.

Во продолжение погледнете го списокот на најскапи градови во Германија:

Karlsfeld

Stuttgart

Leinfelden-Echterdingen

Germering

Dachau

München

Tübingen

Ludwigsburg

Erding

Ditzingen

За авторот

Mr. N