Кариера

10 прашања кои вие треба да ги поставите на интервју за работа

Напишано од The Gentleman

Многу лица кои бараат работа се фокусираат на тоа како ќе одговорат на прашањата кои им се поставени и често забораваат нешто многу битно, и вие сте таму да поставувате прашања, исто така. Да ги поставувате правите прашања на интервју е битно поради две причини: прво, да дознаете дали е таа организација местото каде што сакате да работите и второ, дали квалификациите ве прават кандидат за таа работа. Со тоа ќе дознаете дали интервјуерот нема резервираност во врска со вас.

Кои вештини и искуства го прават кандидатот идеален? Ова е одлично отворено прашање со кое што човекот кој ве интервјуира ќе мора да ги стави картите на маса.

Што е најголем проблем на вашиот тим, и дали ќе бидам во можност да ви помогнам да се реши овој проблем? Ова прашање покажува дека сте заинтересирани да помогнете на тимот.

Што претставува успех за оваа организација?  Со ова прашање ќе покажете дека сте заинтересиран за успех.

Имате ли двоумења во врска со моите квалификации? Ќе се покаже дека сте сигурни во вашите вештини и способности.

Дали нудите континуирана едукација и професионална обука? Покажува дека сте заинтересирани за проширување на вашето знаење.

Можете ли да ми кажете нешто за тимот со кој што ќе работам? Погледнете како е формулирано прашањето, се претпоставува дека сте ја добиле работата.

Што можете да ми кажете за своите нови производи или плановите за развој? Одговорот на ова прашање ќе ви даде добра идеја за тоа каде тргнал работодавачот.

Кој претходно ја имал оваа позиција? Ова навидум директно прашање ќе ви каже дали тоа лице било промовирано, отпуштено или самиот се повлекол.

Кој е следниот чекор во процесот? Ова покажува дека сте заинтересирани да одите понатаму во процесот.

Што ви претставува најголемо задоволство работејќи тука? Ова прашање му овозможува на оној кој ве интервјуира да се поврзе со вас, споделувајќи ги неговите чувства.

За авторот

The Gentleman