Задолжително

10 работи без кои не може познатиот модел Давид Ганди

Напишано од The Gentleman

Модел, автор и професионален возач ни ги споделува неговите 10 тајни оружја кои го прават еден од најголемите британски модни икони.

Jaguar XKR-S – доколку би имал една кола до крајот на мојот живот тоа  секако би била оваа. Ја имам  веќе шест месеци, и бев во право. Ретка е, убава, неверојатно брза и се разбира, британска е. Секогаш наоѓам изговори за да излезам и да го возам овој автомобил во секој можен момент.

20_jaguar_xkr-s_press

Thom Sweeney – Постојат кројачи, потоа постои Thom Sweeney. Thom и Luke прават костуми за некои од најпознатите стилски мажи во Лондон. Сетете се, костумот на Дејвид Бекам на глисерот за церемонијата на затварањето на Олимписките игри? Тоа беа они. Со задоволство можам да кажам дека тие се најдобрите кројачи во Лондон во овој момент.

tom sweenay

Omega – имам две прилично скапи навики: автомобили и часовници. Мојот дедо произведувал часовници, и од таму се појавила мојата љубов кон нив. Имам значителна колекција на часовници, но јас сеуште одам со мојот Omega над се друго. Џејмс бонд неможе да згреши, така?

omega

Blackberry Q10 – Ги сакам Apple, но кога станува збор за телефони, потребен ми е телефон со тастатура за моите дебели прсти, и некој кој што нема да се скрши и раздели на парчиња кога ќе го пуштите од рака. Јас бев поборник на Blackberry многу години, и десетата серија од Blackberry има се што имаат другите паметни телефони. Брилијантен е.

q10-2013-04-23-619-2

Johnny Walker Blue Label – Го нареков Blue Label, Aston Martin во светот на вискито. Мислам дека е најдоброто мешано виски во околината. Ги прави добрите времиња подобри и лошите малку повеќе подносливи.

johnnie_walker_blue_label750__56678.1407756300.1280.1280

Wheyhey сладолед – Сладолед кој што е сосема природен без шеќер, глутен и содржи многу малку заситени масти и високо квалитетни протеини кое што е одлично за развивање на мускулите. Изгледа многу добро за да е вистинито, но кога се обидуваме да останеме здрави, брилијантни идеи како што е оваа е тоа што ни треба.

Lucky jeans – Кога не сум во костум, во втор избор носам маица и фармерки. Има премногу видови на фармерки во денешно време, застрашувачки е да одиш во шопинг по нив. Lucky имаат се што ви треба и ми одговараат перфектно. Мислам дека тие се еден од најпознатите Американски брендови во моментов.

Lucky-Brand-Logo-2010_jeans

Nespresso апарат –Човек би помислил дека кафето ќе биде забрането, со оглед на количината што ја конзумирам. И поради тоа што пијам толку, мора да е добро. Nespresso е брилијантно. Ги имам апаратите, капсулите и сирупот. Ако некогаш дојдете во Лондон, немојте да одите во Stаrbucks дојдете кај мене, подобро е кафето.

nespresso

За авторот

The Gentleman