Водич за готвење

10 здрави намирници кои го намалуваат нивото на холестерол

Напишано од Nikola

Високиот холестерол отвора нова слика која често води до разновидни форми на срцеви заболувања (срцев и мозочен удар), но најдобриот начин за борба против него е многу едноставен.

Следете здрав начин на живот со урамнотежена исхрана и многу вежбање. Во прилог надолу се 10-те здрави намирници кои можете да ги вклучите во вашиот план, кој може да ви помогне во одржување на нивото на холестерол.

    1. Житарици

Житариците содржат растворливи влакна кои се покажале дека помагаат во намалување на холестеролот. Уживајте во нив, комбинирајќи ги со лажица путер од природен орев и исечена банана, како и боровинки/бадеми преку ноќ.

    2. Леблебија

Студија направена на студенти во одделот за метаболизам и нутриционизам докажа дека јадењето леблебија го намалува нивото на холестерол драстично.

    3. Ореви

Користете во вашата исхрана секојдневно ореви со цел да го спречите апетитот и да го намалите холестеролот.

    4. Лосос

Масните риби како лосос содржат Омега-3 (ЕПА и ДХА), кои помагаат во намалување на вкупниот холестерол и триглицериди (маснотии во крвта). Рибите како туна и сардина, исто така содржат Омега-3 и помагаат при намалување на холестеролот.

   5. Цитрон

Студија објавена во весникот за Агрокултура открила дека јадењето еден цитрон дневно овозможува намалување на нивото на холестерол и подобрување на триглицеридите.

  6. Диви боровинки

Една чаша наполнета со диви боровинки нуди околу една четвртина од дневната вредност на влакната, која помага во контролата на нивото на холестерол.

  7. Маслиново масло

Маслиновото масло содржи мононезаситени масти, кои го намалуваат нивото на ЛДЛ холестерол. Масло од кикирики и канола се други мононезаситени масти кои можете да ги користите за готвење или пак како прелив.

 8. Грав

Црниот, кафениот, пинто гравот и било кој друг грав што го сакате се особено високи во растворливи влакна кои помагаат во намалување на холестеролот.

 9. Цреши

Една студија објавено во весникот Food & Function откри дека луѓето кои пијат сок од цреша имаат пониско ниво на холестерол за разлика од оние кои пијат калорични пијалоци.

 10. Овесни снегулки

Надворешниот слој од овесната гранула се нарекува овесна снегулка, притоа што нивните влакна помагаат во намалување на нивото на холестерол. Нив можете да ги најдете во секој супермаркет.

 

 

 

 

 

 

За авторот

Nikola