Метрополи

22 милиони посетители во текот на една година… Ова е најпосетуваниот град во светот!

Напишано од Mr. M

На прво место на најпосетуваните градови во светот е главниот град на Тајланд, Бангкок.
Овој град е пред Париз и Лондон, покажува последното истражување. Бангкок е најпосетуван град во светот четврта година по ред, со 22,8 милиони посетители.

Париз и Лондон се на второто и третото место со околу 19,1 милиони посетители, а потоа следи Дубаи со 15,9 милиони.

Списокот го продолжуваат двата града на Југоисточна Азија, Сингапур и Куала Лумпур, кои се рангирани на петто и шесто место, соодветно. Според истражувањето на 200 градови, Њујорк, Истанбул, јапонскиот главен град Токио и турскиот град Анталија се во првите десет.

Бројот на меѓународни посетители во 200 градови е зголемен за 76 % во последните 10 години.

За авторот

Mr. M