Автомобили

3 брендови на супер автомобили за кои можеби не сте слушнале

Напишано од Mr. M

Сите ние ги знаеме брендовите Ферари, Порше, Ламборџини кои произведуваат супер лускузни автомобили и ги воведуваат трендовите во светот на автомобилите.

Сепак во светот се појавува нов бран на супер автомобили кои се произведуваат во некоја гаража или пак мала фабрика некаде во светот за која не сме запознаени. Иако не ги знаеме, верувајте дека овие автомобили ги подигнуваат критериумите.

Spyker Cars

И покрај тоа што овој бренд постои повеќе од 20 години, овој холандски бренд два пати се спасувал од банкрот. Во 2011 година и во 2015 година овој бренд бил на работ да пропадне, но упорноста на менаџментот е оној кој што ја оддржал во живот компанијата.

Vencer

Мора да постои нешто посебно во Холандија, бидејќи и овој бренд ни доаѓа токму од таму. За прв пат овој бренд се појавил во јавноста во 2013 година со моделот Sarthe, кој прв пат бил продаден во Кина.

W Motors

Ако нешто се произведува на Блискиот исток, тогаш убедени сме дека станува збор за лускуз. Станува збор за арапски бренд кој е со седиште во Дубаи и основан е во 2012 година. Нивниот прв автомобил е Lykan Hypersport кој се појавил во седмиот дел од филмот Fast & Furious. 

 

За авторот

Mr. M