Нега и одржување

3 клучни правила за негување на косата кои секој маж треба да ги знае

Напишано од Mr. M

Негата на косата е многу важна, особено во зимскиот период кога сме излозени на пониски температури. Со правилна нега на косата, вие не само што ќе имате поздрава коса, туку вие ќе направите и да имате и подобра фризура. Постојат неколку чекори или правила кои што секој маж треба да ги знае кога работи на негување на косата.

Секогаш користете фен- според многу експерти, една од најголемата грешка која ја прават мажите е тоа што не користат фен. Со фенот вие можете да ја обликувате фризурата што некогаш ќе нема потреба да користите одредени продукти за неа. Освен тоа, ако ја искушите косата ноќта пред да си легнете, вие исто така ќе можете поедноставно да ја обликувате во текот на утрата.

Одберете ја внимателно вашата следна фризура- немојте веднаш да избрзувате во изборот на фризура. Пред да се решите која фризура сакате да ја направите, разговарајте со Вашиот бербер и прашајте го искрено. Многу е важно да ја погодите косата која вам најмногу ќе ви одговара.

Пронајди го правилниот бербер- Малку истражување и добра организација се две работи кои ќе влијаат на вашата фризура и на вашиот изглед. Добрата фризура се добива од некој кој што знае што прави. Прашувајте ги пријателите, колегите или соработниците, и дознајте кој е берберот кој може да ги исполни вашите очекувања.

За авторот

Mr. M