Економија

3 начини за полсено да заштедите пари

Напишано од The Gentleman

Постојат голем број на луѓе кои сакаат да потрошат пари на нови работи, а воедно и сите сакаме да заштедиме некој денар на страна која покасно би ја искористиле за нешто што посакуваме. Сепак, штедењето понекогаш знае да биде доста тешка работа за голем дел. Затоа еве 3 начини како и вие да успеете да заштедите.

Прв метод

Овој метод значи да тргате секоја недела одредена сума на пари на страна. Поената е во тоа да тргнете првата недела 5 евра, и секоја наредна недела да ја зголемувате одредената сума на пари за уште 5 евра. Тоа значи дека првата недела ќе одвоите 5 евра, втората 10 евра, после педесетата недела ќе треба да одвоите 260 евра. 260 евра се навистина многу, но главната цел е да видите до каде може да достигнете најмногу.

Втор метод

Во овој метод после секое ново купување што ќе го имате да одвоите уште 10 % од сумата кој ќе го тргнете на страна. Значи, ако купите панталони од 30 евра, уште 3 евра ќе ставите на страна.

Трет метод

Овој метод претставува еден вид на казна која сами на себе ќе си ја давате. На пример, ако закасните на работа казнете се себе си со 5 евра и тие тргнете ги на страна.

Звучи, интересно. Па пробајте.

За авторот

The Gentleman