Пијалоци

3 напитоци кои прават чуда за слабеењето!

Напишано од Mr. N

Водата со лимон моментално е најпопуларниот начин за започнување на денот за многумина, но се чини дека малку претеравме со овој тренд без да обрнеме внимание на одредени негативни ефекти…

Иако лимоновиот сок ни обезбедува солидна доза на антиоксиданси и витамин Ц, само топлата вода со лимон нема да ни помогне да ослабиме, бидејќи животот не е фер. Притоа, на располагање имаме многу малку докази кои укажуваат на тоа дека таа го подобрува варењето и го чисти телото од отрови – без оглед на бројните пофалби кои ги упатуваат славните личности.

И не само тоа, топлата вода со лимон може да доведе до некои прилично непријатни споредни појави ако претераме со нејзино консумирање.

Големите количини на топла вода со лимон можат да доведат до киселина бидејќи ова овошје е едно од најкиселите, а таа иста киселина може да доведе и до оштетување на глеѓта на забите.

Без плакнење на устата со вода, киселината може да остане на нашите заби и да направи повеќе штета отколку корист.

Повеќето луѓе треба да пијат една до две шолји од овој пијалок.

Јасно е дека не постои семоќен магичен пијалок кој ќе ни помогне да ослабиме, но постојат одредени опции кои заедно со здравиот начин на живот можат да ни помогнат да дојдеме до посакуваната цел, а ова се дефинитивно пијалоци кои би требало почесто да ги пиете.

Кафе

kafa profimedia-0169236364_1000x0

Можеме да го наречеме природен енергетски пијалок, а истражувањата покажуваат дека две до три шолји кафе пред тренинг ни овозможуваат да тренираме подолго и понапорно – а тоа значи дека организмот согорува повеќе калории. Студијата објавена во „Журнал на спортска медицина и физичко здравје“ открила дека вежбачите можеле да направат речиси 20 проценти повеќе повторувања за време на тренингот.

Меѓутоа, важно е да се запомни дека кафето треба секогаш да се пие без додавање на шеќер и млеко, бидејќи тоа е најбрзиот начин за да се поништат неговите позитивни ефекти.

Ладна вода

LED - profimedia-0101777171_1000x0

Заменете го лимонот со неколку коцки мраз бидејќи ладните пијалоци го тераат телото да троши повеќе енергија за да ја одржува телесната тежина. Ова значи дека со конзумирање на три големи чаши ладна вода во текот на денот, нашето тело согорило 100 калории повеќе.

Ако ова го правите секој ден, во текот на годината можете да изгубите и до 4.5 килограми, под услов овие калории да не ги надополнувате со друга храна.

Зелен чај

profimedia-0157520919 zeleni čaj_1000x0

Не само што зелениот чај е ослободен од калории, туку може да ни помогне да ги согориме мастите и да ги симнеме непосакуваните килограми. Во една студија, луѓето кои пиеле четири шолји зелен чај дневно, за период од два месеци изгубиле речиси 3 килограми повеќе од оние кои пиеле само вода.

Анализата на „Европскиот нутритивен журнал“ исто така покажа дека лицата кои пијат зелен чај во просек имаат помалку килограми и потесна половина.

Секогаш бирајте свеж чај и избегнувајте флаширани опции бидејќи тие можат да содржат многу шеќер и значително помалку антиоксиданси. Исто така, би требало да избегнувате суплементи на зелен чај бидејќи можат да доведат до оштетување на црниот дроб.

За авторот

Mr. N