Водич за патување

4 европски градови кои се совршени за во лето

Напишано од martin

Веќе ни пристигна периодот кога треба да размислуваме за летото. Сите веднаш помислуваме на плажа, а ако сте некој кој сака нешто поинакво, тогаш еве неколку предлози за вас. Европа во себе крие многу знаменитости, а голем дел од нив се неправедно запоставени.

Левен, Белгија

Левен е мала општина во Белгија која е наоѓа само на 25 километри од Брисел. Позната е по католичкиот универзитет Левен, кој е направен во 1426 година.

Утрехт, Холандија

На прв поглед изгледа како Амстардам. Стар холандски град на каналите на реката Рајна. Преубави канали, калдрмски улици, паркови, велосипеди.

Болоња, Италија

Град во кој имаме микс на историјата, уметноста и гастрономијата. Италијаните овој град го сметаат за вториот најубав после Венеција. Болоња е престолнината на италијанската кујна. Задолжително треба да се посетат Torre degli Asinelli и  Torre dei Garisenda кои се изградени во 12 век и секако плоштадот Maggiore.

Стразбур, Франција

Зборот стразбур има германско потекло и значи раскрсница. Овој град е познат по мостовите и е еден вид на поврзување на Франција и Германија. Тука е седиштето на Европскиот Парламент, Советот на Европа и Судот за човекови права. Град кој се карактеризира со средноевропска ренесанса, а во него ќе може да се видат доста германски елементи.

За авторот

martin