Бизнис совети

4 карактеристики кај мажите кои се кочат со успехот

Напишано од Mr. M

Многу е важно некогаш да размислите за Вашето однесување и да ги напишете на лист хартија сите оние особини кои сметате дека ви користат во кариерата и ви помагаат и сите оние кои сметате дека ви одмагаат. Еве неколку машки карактеристики кои всушност ја намалуваат шансата за успех.

Постојано зборувате за самите себе

Штом ви се укаже прилика вие веднаш почнувате да зборувате за самите себе. Тоа на соговорникот нема да му се допадне. Почнете да водите дијалог, а не монолог. Прашувајте ги другите, дозволете им да зборуваат и они.

Постојано се жалите

Ова повторно е зборување само за самите вас. Ќе станете досадни на соговорникот ако види дека вие сакате да зборувате само за Вашите проблеми и ако од нив чекате само одобрување или нивно мислење. Затоа престанете со тоа и бидете забавни и уверливи, а за да го постигнете тоа, почнете да работите на себе.

Постојано критикувате

Ако разговарате со некој и постојано го критикувате со тоа што им наоѓате мани значи дека не го поднесувате соговорникот. Самото тоа кажува дека и вас нема да ве поднсевуаат. Секогаш е добро да ја погледнете добрината кај луѓето и да се фокусирате на тоа. Дали е некој совршен?

Предрасуди и затворени размислувања

Ако ја истакнувате својата националност и вера и ги омаложувате другите, тоа е пример за неподносливо однесување. Проширете ги своите гледишта, не за другите, туку за самите вас, така ќе успеете да гледате на подалеку.

За авторот

Mr. M