Машката мода е во експанзија сеуште, а доказ за тоа се бројните блогери кои што секојдневно не инспирираат со совите модни предлози. Преку нивниот труд и креативност, можеме со сигурност да кажеме дека и ние тука на Балканот имаме блогери кои што добро си ја знаат работата.
Еве кои машки блогери вреди да ги следите на Инстаграм, а потекнуваат од регионот…
ponocnijahac
Креативен блогер кој своите стилски комбинации ни ги претставува на еден креативен начин.
nichimizazvan
Неговите авантуристички инспиративни приказни ќе ве натераат да го следите неговиот профил дефинитивно.
petarmitrovic
Уште при првиот поглед кон неговиот профил, вие ќе заминете на разни места, а неговиот пристап кон фотографиите ќе ве остави без зборови.
goran_mitrov
Последниот профил кој ќе ви го претставиме денеска е на нашиот Горан Митров. Овој прфил е наменет за сите оние мажи кои се љубители на модата и кои бараат посотјано добра модна иснпирација. Следете го нема да згрешите!