Мажот во очите на жената

4 машки особини на кои жените не можат никако да одолеат

Напишано од Mr. N

Не е ниту доброто тело, ниту пак статусот. Многу девојки гледаат да најдат згоден маж, но доколку тој е само згоден и нема друго што да понуди, брзо ќе стане досаден. Затоа еве кои 4 особини жените најмногу ги сакаат кај мажите.

Добар мирис

Жените обожаваат мажи кои убаво мирисаат. Самото тоа кажува дека сакаат и чисти и негувани мажи.

Вештина

Жените сакаат кога мажите ќе им помогнат во кујната. На било каков начин ако покажете дека знаете да работите со рацете и дека сте вешти, тогаш имате добитна предност.

“Понекогаш имајте неуреден стил“

Ако не сте секогаш скоцкани и ако на некои места можеби од гардеробата и не сте пеглани, тоа дава знак дека вие сте полни со самодоверба. Немојте косата да ја местите премногу, па дури и не е задолжително да се бричите секој пат.

Манири

Секогаш, ама секогаш бидете џентлмен. Резервирајте место за вечера, отварајте и врата, ставете и ја раката на половина кога поминувате низ гужва. Тие гестови се паметат, бидејќи на тој начин и покажувате дека ви значи.

За авторот

Mr. N